Голчиште на Зјелински, па среќен гол во 94. минута - Интер едвај до победа со Верона! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер потешко од очекуваното дојдоа до победа на гостувањето кај Верона славејќи со 2-1.

Добро тргнаа избраниците на Киву и со еден фантастичен гол на Зјелински по додавањето од Чалханоглу дојдоа до водство. Беше подобар противник Интер во продолжение од полувремето, но и Верона знаеше да се закани.

Така домаќините и искористија една од своите прилики и со голот на Џоване во 40-тата минута дојдоа до израмнување.

Второто полувреме речиси и да не донесе ништо, а победата Интер ја обезбеди дури во 94. минута кога по едно нафрлување топката го удри несреќниот Фреза по што заврши во мрежата за три бода.

Интер со тоа дојде до седмата победа во Серија А и по 10 кола е на 21 бод на третата позиција, Верона е 18-та со само пет бода.