Гол и асистенција на Миовски во победата на МТК против Мезоковец (ВИДЕО)

МТК триумфираше со убедливи 3-0 против Мезоковец во пријателски меч, а македонскиот фудбалер Бојан Миовски одигра одличен натпревар и постигна еден гол и една асистенција.

Македонскиот фудбалер постигна гол за водство од 1-0 во деветата минута, по што Миовски асистираше при следниот гол на Димитров (2-0) во 67. минута.

Триумфот на МТК го потврди Димитров со неговиот втор гол во завршницата од дуелот (3-0).