Годин револтиран поради состојбата во Италија: Бевме изложени на вирусот, падна системот!

Искусниот фудбалер Диего Годин, кој е дел од екипата на Интер, не може да биде среќен по хаосот, кој се создаде во Италија поради пандемијата на вирусот.

Серија А беше прекината дури на 9 март, а само еден ден пред да се случи тоа, во првенството се играше големото дерби меѓу Интер и Јувентус. Мечот се играше без публика, а на него беше и Даниеле Ругани, кој три дена подоцна имаше позитивен тест на Ковид-19.

„Не можам да верувам дека бевме изложени на вирусот до последен момент. Тие сакаа да се игра фудбал, но состојбата стана хаотична. Здравствениот систем падна. Нема доволно кревети за болните, нема ниту доктори. Ние продолживме да играме фудбал неколку недели, трениравме и тоа сè додека фудбалер на Јуве не доби позитивен тест“, кажа Годин.