Го шуткаа од еден во друг клуб и на крај заврши во Монако (ФОТО)

Алжирецот Ислам Слимани е нов фудбалер на францускиот тим Монако, кој доаѓа во Кнежеството на едногодишна позајмица од премиерлигашот Лестер.

Слимани премина во редовите на „лисиците“ во 2016 година од Спортинг, но не се изнаигра премногу. Во првата сезона собра само осум настапи и постигна исто толку погодоци, а потоа замина на позајмица во Њукасл, каде мина шест месеци.

Потоа следуваше и нова позајмица, овој пат во Фенербахче, а сега заминува во Франција.

Среќен сум што доаѓам во Монако. Ова е голем клуб со големи цели. Сакаме да се бориме за самиот врв на табелата. Ќе дадам се од себе да исполниме се што ќе зацртаме сезонава, изјави Слимани на претставувањето.