„Го продолжувам договорот со Манчестер јунајтед поради тешките времиња во клубот“

Иако имаше понуди од многу клубови низ Европа, меѓу кои Барселона и Јувентус, Хуан Мата реши да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед на уште една сезона. 

Шпанецот објави на „Инстаграм“ дека е горд што останува во клубот уште една сезона.

„Бидејќи минуваме низ тешки времиња, важно е што го продолжувам мојот договор со Манчестер јунајтед. Исто така ова е вистинско време да бидам јасен и гласен, колку сум горд што фудбалер на Манчестер јунајтед, а тоа е нешто специјално. Уникатно. Горд сум што потпишав нов договор и дадам се од себе да го вратам клубот на местото каде што припаѓа“, напиша Мата.

Мата потпиша за Манчестер јунајтед во јануари 2014 година од Челси за 37,1 милиони фунти. На 218 натпревари за „ѓаволите“ постигна 45 голови.