Го избркаа од Јунајтед, па сега нудат богатство за да го вратат назад!

Манчестер јунајтед во претходните години имаше многу промашени инвестиции. По заминувањето на Сер Алекс Фергусон, „ѓаволите“ поминуваат пеколен период.

Се води и многу лоша трансфер-политика во клубот, па така екипата во претходните години ја напуштија многу фудбалери, а еден од нив е Вилфред Заха, кој беше продаден на Кристал Палас за 15 милони фунти.

Сега раководството на Јунајтед сака да го врати 26-годишниот фудбалер во свои редови, но тоа ќе ги чини многу скапо затоа што цената, којашто ја постави Кристал Палас, изнесува 80 милиони фунти.