Гигс може да заглави во затвор зашто ја тепал девојката и ја избркал гола од хотел!

Легендата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс веќе некое време има проблеми. Тој беше обвинет дека малтретирал две жени, а денеска пред судот кажа повторно дека не се чувствува виновен.

Гигс е обвинет за три казнени дела. На 1 ноември 2020 година предизвикал телесни повреди на својата поранешна девојка Кејт Гревил, а истата ноќ нападнал и помлада жена, која минала без повреда. Исто така е обвинет за присилна контрола над поранешната девојка од декември 2017 до ноември 2020 година.

Гигс беше во љубовна врска со Кејт од 2017 година, а врската ја почна осум месеци откако се разведе од сопругата Стејси, која пред осум години ја изневери со сопругата на брат му.

Според снимките кои биле пуштени пред судот, Гигс ја удрил својата избраничка со нога во грб и гола ја избркал од хотелската соба во Лондон.