„Ги искоцка сите пари, а потоа во последен момент доби 200.000 евра“

Војтех Шчесни кој во моментов ги брани боите на Јувентус, додека настапуваше во Рома ја делеше соблекувалната со контроверзниот Раџа Наинголан. Полјакот има интересни ситуации додека биле во Рим заедно со Белгиецот.

Голманот на Јувентус потенцира дека Наинголан е фантастичен фудбалер, но дека неговиот бурен живот го спречува да го даде максимумот на теренот.

„Еднаш отидовме во казино, а ја не понесов пари. Он гаѓаше и погоди. После тоа се сврти спрема мене и ми кажа дека загубил се. Ги испразни џебовите. На крајот освои 200 илјади евра“, раскажува Шчесни.