Германските клубови сакаат да ги вратат навивачите, се чека „зелено светло“ од политичарите!

Германските прволигаши и второлигаши на состанокот се договорија дека се подготвени да ги отворат стадионите за помал број гледачи, ако политичкиите власти дадат „зелено светло“ за такво нешто.

Здравствените работници треба да имаат состанок следната недела кога една од темите ќе биде и враќање на навивачите на стадионите. Според сегашната одлука во Германија важи забраната за сите настани со голем број луѓе до 31 ноември.

„Ако и кога ќе се вратат навивачите на стадионите не зависи од Германската фудбалска федерација, туку од политичките власти. Ние не очекуваме, ниту бараме ништо, но се подготвуваме за тој мал чекор кога ќе дојде вистинското време“, соопшти извршниот директор.