„Газета дело Спорт“: Трајковски има златна есен, со десетката на грбот – се препороди!

Македонскиот репрезентативец во италијански Палермо, Александар Трајковски од стартот на сезоната ја мени улогата, но и доби голема мотивација на Сицилија – на грбот да ја носи „десетката“. Како вистински плејмејкер, барем по анализите на угледните италијански весници, Трајковски ја оправдал довербата и се препородил на теренот.

Како никогаш досега, Трајковски блеска со голови и асистенции за Палермо, па со сицилијанците есеноска ја заврши полусезоната на првото место и сега се главни фаворити за враќање во елитната Серија А. Меѓу најзалужните е Трајковски, за кого угледната „Газета дело Спорт“ пишува дека е – кралот на Палермо!

Преку споредбата со ланската „десетка“ и прв плејмејкер на тимот Игор Коронадо, угледната „Газета“ ја образложува анализата во која тврди дека Трајковски игра како никогаш досега.

„Трајковски е подобар од Коронадо? Кој го вели тоа? Бројките и статистиката! Ако се оредува првиот дел од сезоната, од минатата и актуелната, нема сомнение дека Македонецот е подобар од Бразилецот. Како за паралела. Трајковски досега има четири гола и шест асистенции на 17 од 18-те меча на кои играл. Коронадо на 20 од 21 меч на кој настапил во минатата сезона имал два гола и седум асистенции. Но... Трајковски има 'златна есен' и со македонската репрезентација, за која одигра шест меча во Лигата на нации и даде четири гола. И за крај, Коронадо играше како плејмејкер, а Трајковски сега има слобода да игра на повеќе позиции, па Стелоне го користи и на крила и како плејмејкер...“, пишува „Газета“.