„Газета дело Спорт“: Модриќ им кажал на „кралевите“ - готово е, сакам во Интер!

Најдобриот фудбалер на последното Светско првенство во Русија, Лука Модриќ им посочил на челниците на Реал Мадрид дека нема намера да остане во „кралскиот клуб“ и дека сака да замине во Интер, иако вчера немал состанок со претседателот Флорентино Перез, објави угледната „Газета дело Спорт“.

Иако медумите најавиле дека за вчера бил закажан состанок на Модриќ со Перез, таков состанок не се случил, туку Хрватот заедно со својот менаџер Владо Лемиќ и претставникот на Интер, Џузепе Рисо се сретнале со вториот човек на Реал, Хосе Ангел Санчез, на кој, како што пишува најтиражниот и најугледниот италијански спортски весник, Хрватот му порачал дека сака да оди кај нераѕурите.

Наводно, Санчез му посочил на Модриќ дека Реал сака да го задржи, но Модриќ инсистирал на состанок со Перез, кој веројатно ќе се случи в петок или сабота, а тој веќе на своето семејство, како и на Лемиќ и Предраг Мијатовиќ, бивш спортски директор на „кралевите“ веќе им кажал дека сака да игра во италијанскиот гигант. Хрватот на состанок со Перез ќе се повика на нивниот џентлменски договор, каков што имал и Кристијано Роналдо, дека во случај на добра понуда ќе добие одврзани раце да си замине.

Модриќ од Интер има понуда за 10 милиони евра по сезона, плус две години во кинески Џингсу за двојно поголема плата, затоа што акционери на клубот се Кинези кој го спонзорираат тој клуб. Но, проблем е финансискиот фер-плеј за Интер, кој бара од Реал да го добие Модриќ на едногодишен заем за 15 милиони евра, а потоа да го откупи за уште 25-30 милиони.

Модриќ за Реал има 257 меча во кои даде 13 гола и има 40 асистенции, а освои четири европски титули во последните пет сезони.