Гатузо: Управата не ми нареди да обезбедам пласман во ЛШ, туку ме замоли!

Милан мора да освои три бода во мечот против СПАЛ во последното италијанско коло и ќе чека кикс на Интер или Аталанта за да се пласираат на место, кое води во Лигата на шампиони (ЛШ) идната сезона.

Меѓутоа, тренерот Џенаро Гатузо кажа дека управата никогаш не му наредила да обезбеди ЛШ, туку само го замолила да се обиде да го направи тоа.

„Мора да ја извршуваме својата должност, да се бориме за победа, а потоа ќе видиме што ќе се случи. Да го тренираш Милан е остварување на сонот. Беше многу тешко и се надевам дека ќе продолжам да го живеам тој сон. Морам да разјаснам некои работи на јавноста, а тоа е дека мене во клубот никој не ми нареди да се пласираме во ЛШ, туку ме замолија да се обидам да го направам тоа“, објаснува Гатузо.