Гатузо се враќа на тренерската работа и тоа во Рим

Џенаро Гатузо моментално е без ангажман откако доби отказ од Милан по завршувањето на минатата сезона. Италијанецот моментално е главен кандидат да го замени Симоне Инзаги на клупата на Лацио.

„Лацијалите“ не стартуваа најдобро сезонава и по победата против Сампдорија на гости со 3-0, потоа ремизираа со Рома во големото градско дерби, а во последното коло загубија од СПАЛ. Лацио доживеа пораз и од Клуж во Лигата на Европа во четвртокот, па претседателот на клубот, Клаудио Лотито веќе размислува да го смени Инзаги.

Интересно е тоа што Гатузо не е прв пат поврзуван со клупата на тимот од „Олимпико“. Тој и летово беше главен кандидат за тренерската позиција во Лацио, откако се чинеше дека Инзаги ќе си замине. Сепак, по долги преговори тој реши да го продолжи договорот, но изгледа нема уште долго да биде тренер на Лацио, ако не ги поправи резултатите наскоро.

Гатузо единствената тренерска работа ја имаше 18 месеци на клупата на Милан.