Гатузо: Не ме споредувајте со Анчелоти, тој ми е како татко!

Италијанскиот стратег, Џенаро Гатузо, денеска и официјано беше претставен за нов тренер на калчолигашот Наполи.

Популарниот Рино ја имаше својата прва прес - конференција пред јавноста, а на оваа позиција го наследи Карло Анчелоти кој синоќа доби отказ од управата на клубот.

Му кажав да на Наполи затоа што тоа е лесно. Во последните десет години тие се едни од најдобрите тимови во Италија и Европа. Ми се допаѓа тимот, играчите се функционални и може да се адаптираат на фудбалот кој јас го сакам. Што се однесува до Анчелоти, тој ми е како татко, во тешки моменти секогаш го барав и секогаш ми помагаше. Ве молам не ме споредувајте со него затоа што тој има освоено се, а јас сум млад, имам 41 година и мора допрва да покажам многу. Овој тим не може да остане надвор од Европа, тие поминуваат низ тежок период, но наша цел е да се вратиме на освојувањето на поени. Ќе ја спуштиме главата и ќе работиме, мора да ги контролираме натпреварите, истакна Гатузо.