Гатузо нè го вади Елмас од уста: Ако остане цврсто на земја ќе направи големи работи!

Тренерот на италијански Наполи, Џенаро Гатузо откако дојде на местото на Карло Анчелоти буквално го игнорираше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, па освен на куп меч со Перуџа, му даваше минутажа на македонскиот бисер „како со лажичка“ - по малку. И на прес-конференциите неразбирливо посочуваше некои нејасни „причини“ зашто не го користи.

Но, откако Елмас доби шанса, па покажа што знае, а во последниов период кога и да се најде меѓу стартерите, Наполи победува, Гатузо не го вади од уста македонскиот репрезентативец, па се повеќе го фали. По, вчерашната победа на Наполи на Сардинија кај Кајлари со 1-0, Гатузо повторно го спомена Елмас.

„Тој има само 20 години, а е толку ментално цврст, има така добра техника, добар физикус... Ако со нозете остане цврсто на земја ќе направи големи работи. Само така може да успее и да направи нешто големо – да не летне во облаци“, вели Гатузо.