„Едвај завршив основно, не го разбирам тоа ниво на комуникација“

Фудбалерите на Милан играат како преродени во вториот дел на сезоната. „Росонерите“ предводени од Криштоф Пјонтек редат победи во Серија А, а нова жртва на италијанксиот великан беше Емоли кого со совладаа со 3-0. По натпреварот Џенаро Гатузо ги изнасмеа присутните новинари во прес салата.

Еден од присутните новинари во салата, се реши да му постави прашање на Гатузо на едно поинакво ниво.

„Рино кој алхемичарски рецепт го користите за да ги претвораш во злато фудбалерите кои ги тренираш“, гласеше прашањето од новинарот

Одговорот на поранешниот италијански фудбалер ги изнасмеа сите присутни.

„Зборувај малку поедноставно, јас едвај завршив основно училиште“, му одговори Џенаро и предизвика насмевки кај присутните.