Гасперини: Треба ли рацете да им ги исечеме на фудбалерите?

Аталанта синоќа во 32. коло од италијанската Серија А гостуваше кај Јувентус (2-2). Тие двапати имаа водство, но „Старата дама“ израмни преку пенали.

Пеналите беа досудувани поради играње со рака, а Гасперини е незадоволен од одлуките на судиите, па вели дека правилата со играње со рака различно се применуваат во другите држави.

„Такви се правилата, во ред, и така се тие над другите во Италија. Што треба да направиме, да им ги исечеме рацете на фудбалерите? Најмногу што може да направите со рацете е да ги ставите до телото, а вакви пенали сезонава беа досудувани многу често. Во други држави, пенали не се досудуваат за секое играње со рака. Сепак, тука се поинакви правилата“, кажа Гасперини.