„Гардијан“: Тотнем го руши клупскиот рекорд за ѕвезда на Лион

Англиските медиуми пишуваат дека Тотнем е заинтересиран за Тонгај Дембеле од Лион, а „Гардијан“ пишува дека лондонскиот гигант планира да го урне клупскиот рекорд за неговиот потпис.

Тотнем е подготвен да плати околу 50 милиони евра, а управата на Лион бара дури 75 милиони евра, па постои можност да се договорат на половина пат, односно за 60 милиони евра.

На таков начин Тотнем ќе го урне претходниот клупски рекорд, кој го постави лондонскиот клуб за Дејвисон Санчез кога плати 40 милиони евра.