Гачевски со неверојатна двојна одбрана му донесе триумф на Паралимни! (ВИДЕО)

Македонскиот голман Филип Гачевски е одличен ан голот на Паралимни, па трет меч по ред блесна и овој пат му донесе триумф на неговиот тим против Олимпија Никозија.

Гачевски беше добар во текот на целиот меч, но со неверојатна двојна опрема во 89. минута му обезбеди три бода на Паралимни. Одбраните може да се погледнат на 7.15 од видеото.

Паралимни го запиша третиот триумф по ред во кипарското првенство и се наоѓа на 11. место со 21 бод.