„Габигол“ официјално останува во Фламенго

Фламенго успеа да се договори со Интер за трансфер на Габриел Барбоса или попознат како „Габигол“.

Бразилецот, кој имаше разочарувачки настапи во дресот на „нераѕурите“ повторно ја пронајде својата форма во татковината, поточно во дресот на Фламенго. Со овој тим успеа да стане шампион на Бразил и шампион на Јужна Америка.

„Црвено-црните“ од Рио ќе му платат на Интер 18 милиони евра, а италијанскиот клуб ќе инкасира и 20 отсто од следниот трансфер на голгетерот. Барбоса ќе има фантастична плата во редовите на Фламенго од дури 4 милиони евра до јуни 2024 година, кога му истекува договорот. 

На 43 натпревари за бразилскиот тим досега, тој постигна 34 голови и забележа 11 асистенции.