На Фламенго му донесе јужноамериканска титула, па сега сонува да игра за – европскиот првак!

Популарниот Габигол постигна 43 голови во 56 натпревари за Фламенго со кој го освои првенството во Бразил и Копа Либертадорес, па покажа дека не е промашување како што многумина го прогласија по лошите настапи во дресот на Интер.

Се очекува 23-годишниот напаѓач во јануари среќата повторно да ја побара во Европа. Интер сака да го продаде, а Габигол има една цел, односно сака да го облече дресот на Ливерпул.

„Го обожавам Фирмино. Тој е моќен фудбалер и инспирација која ја барав. Би ми било големо задоволство да играм со него. Можеби во иднина ќе играме заедно за Бразил, но и Ливерпул е тим за кој би сакале сите да играат. Секако дека би сакал да си ја пробам среќата во Премиерлигата“, порача Габигол.