Фудбалерите на Пасош Фереира спасиле жива глава од шумски пожари

Екипата на Пасош Фереира ѝ гостуваше на Академика во натпревар од португалскиот куп, патувајќи 150-тина километри кои не треба да претставуваат никакво посебно доживување, но во неделата не било така.

Тој дел на Португалија е зафатен од неконтролирани шумски пожари во периодов, толку непредвидливи и опасни, што во неделата загинале 27 луѓе. Проблемот е тоа што пожарот досегнал до патиштата, па едно од возилата кои бегале од смртта буквално, бил и тимскиот автобус на Пасош Фереира.

„Ова беше исцрпувачко патување. Моравме да возиме ‘цик-цак’ по селски патишта, речиси, цел пат, бидејќи имаше пожари и пречки. На моменти доаѓавме премногу блиску до огнот. Можевме да го видиме чадот и пламените, огромни беа“, вели Пауло Гонкалвеш, техничкиот директор на клубот.

На сето ова, Пасош Фереира се враќаше од Академика од пораз со 1-2, по продолженија, но сигурно никој не ни мислел на натпреварот кога нивните животи биле во прашање.