Фудбалерите на Ливерпул му честитаа роденден на Џерард (ВИДЕО)

Денеска му е роденден на легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, кој полни 40 години. Фудбалерите од актуелниот состав на „црвените“ пред денешниот тренинг решија да му испеат среќен роденден на поранешниот фудбалер и сегашен менаџер на Глазгов Ренџерс.