Фудбалерите на Јувентус нема да добиваат плата - четири месеци!

Некои фудбалери доброволно се откажаа од своите лични примања, други беа приморани од своите клубови да го направат тоа. Јувентус денеска информираше дека играчите се согласиле да не добиваат плата цели четири месеци за да му помогнат на клубот во овие моменти на криза поради коронавирусот. 

„Старата дама“ ќе заштеди дури 90 милиони евра со тоа што за месеците март, април, мај и јуни на своите фубалери нема да им ги исплати платите. 

„Доколку сезоната продолжи во скоро време, клубот заедно со фудбалерите во добра вера ќе преговара за компензација и за зголемување на личните примиња на фудбалерите за идните месеци. Јувентус им се заблагодарува на фудбалерите и стручниот штаб за разбирањето во овие тешки моменти за сите“, се вели во дел од соопштените на клубот.