Фудбалер на Вотфорд е трагичар на натпреварот со Тотнем (ВИДЕО)

Со натпреварот помеѓу Вотфорд и Тотнем стартуваше 23. коло во Премиер лигата, но њубителите на фудбалот не можат да бидат премногу импресионирани од овој натпревар кој заврши без погодоци (0-0).

Трагичар на натпреварот беше Трој Дини кој во 70. минута промаши пенал, односно Ганзанига го одбрани неговиот удар. Покрај оваа голема можност, двете екипи пропуштија уште неколку изгледни шанси.

Со поделбата на бодовите Тотнем останува на 7. позиција со 31 бод, додека Вотфорд е 16ти со 23 бода.