Фудбалер на Севилја се повреди - ќе паузира три месеци!

Фудбалерот на Севилја, Нолито ја скрши ногата на тренинг и ќе отсуствува три месеци од теренот, а тоа го потврди шпанскиот клуб.

Севилја соопшти дека напаѓачот во наредните неколку денови ќе биде опериран и потоа ќе почне долгиот процес на рехабилитација.

Нолито сезонава одигра три натпревари во Ла Лига, но постигна еден гол и две асистенции.

Екипата на Севилја е трета на табелата во шпанскиот шампионат со седум бодови помалку од лидерот Барселона.