Фудбалер на Порто со прекрасен гест го расплака Касилјас (ВИДЕО)

Легендарниот голман Икер Касилјас во солзи го следеше мечот во финалето на португалскиот Куп меѓу Спортинг Лисабон и Порто.

Касилјас неодамна доживеа инфаркт, па речиси нема шанса да се врати повторно меѓу стативите, иако сигурно ќе остане во светот на фудбалот.

Денешниот меч го следеше од трибините, а Порто постигна гол за водство преку Соареш, кој од клупата доби дрес од шпанскиот голман и го крена во воздух, а потоа фудбалерите на Порто му се поклонија на Касилјас, кој заплака на трибините.