Фудбалер на Лидс го обвини Македонецот: Алиоски ми ја повреди ногата на тренинг!

Напачачот на поранешниот премиерлигаш Лидс, Патрик Бамфорд го обвини македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, негов соиграч на „Иланд роуд“ дека е најодговорен за последната повреда на коленото поради која паузираше до пред неколку дена. 

Бамфорд дојде во Лидс за седум милиони фунти минатото лето од Мидлзбро, но веќе пет месеци поради коленото, одигра само еден час фудбал, па за англиските меидуми посочи дека по само еден меч со Болтон, на кој даде гол, повторно ја обновил повредата на коленото, за која ја опиша како „најтешка болка“.

„Трениравме зицери и во воздушен дуел со Алиоски на теренот доскокнав на ист начин како кога се повредив за прв пат. И тогаш Али падна директно на мојата лоша нога. Дури и да не ја повредев ногата пред тоа, секако ќе ја повредев потоа“, вели Бамфорд.

Англичанецот со гол и 28 минути се врати на терените против Норич во дербито на Чемпионшип, но Лидс загуби со 1-3, па сега следува завршната третина од сезоната во која овој клуб ќе се бори за прв настап во англиската елитна Премиерлига по 15 години пауза.