Фудбалер на Лацио прекина неверојатна низа во Серија А

Франческо Ачерби вечерва доби црвен картон на натпреварот против Наполи во рамки на дербито на Серија А.

Дефанзивецот на Лацио мораше да го напушти теренот во 70-тата минута и со тоа прекина една неверојатна низа. Ачерби играше 90 минути на 126 натпревари по ред во италијанскиот шампионат. 

Оваа негова неверојатна серија почна во октомври 2015 година и треаше три години и три месеци. Поради исклучувањето тој ќе мора да го пропушти следниот натпревар на „лацијалите“.

Секоја чест за Ачерби, кој да потсетиме во минатото имаше сериозни здравствени проблеми и боледуваше од рак. Сепак, се врати на фудбалските терени, стигна и до дресот на италијанската репрезентација и направи неверојатна низа на настапи од 126 натпревари по ред.