Фудбалер на Барселона пристигна во Рим за да потпише за „Волчицата“ (ФОТО)

Рома е на прагот да го договори второто зимско засилување по Роџер Ибањез.

Младиот фудбалер на Барселона, Карлес Перез утрово пристигна во Рим за да го комплетира својот трансфер. Крилниот напаѓач е вишок на „Камп Ноу“, па новиот тренер Кике Сетиен му соопшти дека е слободен да си бара нова средина.

Се работи за 21-годишен крилен напаѓач, кој беше дел од младата репрезентација на Шпанија. Перез во првите шест месеци ќе биде позајмен во дресот на Рома, а калчолигашот на крајот од сезоната ќе може да го откупи за 15 милиони евра.