Фудбалер на Барса замина во Израел за да се наполни со - духовна енергија!
Араухо прави многу грешки оваа сезона, а последната се случи против Челси кога доби два жолти картони во првото полувреме и го остави својот клуб на цедило.
Критики пристигнуваа од многу страни, по што тој психолошки падна.
Последните информации велат дека Роналд Араухо утринава пристигнал во Тел Авив за духовно да ги наполни батериите и да се поврзе со себеси.
Тој сака да ја врати неговата сила и да се врати уште посилен.
Како страствен верник, Араухо ќе посети цркви и културни простори. Барселона целосно ја поддржува неговата иницијатива.