Фудбалер на Аталанта постигнува гол на секои 63 минути, а постојано ја „грее“ клупата

Колумбискиот репрезентативец, Луис Муриел, е најефикасен напаѓач во Серија А, иако е резерва на Аталанта.

Колумбиецот беше стартер само десет пати оваа сезона во шампионатот во кој неговиот тим има одиграно 31 натпревар. Но, тоа беше доволно за него да ја затресе дури 17 пати мрежата на противничкиот тим, со што е на четвртото место на листата на најдобри стрелци во Серија А.

Тој настапи на 28 натпревари за Аталанта оваа сезона, а статистиката покажува дека постигнува гол на секои 63 минути, бидејќи во игра бил вкупно 1066 минути.