Фред откри зошто го избрал Јунајтед пред Сити

Бразилскиот фудбалер, Фред, привлече големо внимание од европските гиганти со своите настапи во дресот на украински Шахтер, а минатото лето конечно направи голем трансфер.

Фред стигна во Манчестер јунајтед, иако за неговите услуги сериозно заинтересиран беше и Манчестер сити.

Одличниот фудбалер откри зошто го одбрал Јунајтед пред Сити, а причината е тренерот Жозе Мурињо.

„Вистина е, добив понуда од Манчестер сити, дури и разговарав со Бразилците кои играат таму.. се обидуваа да ме убедат да се преселам кај нив, но на крајот тоа не се случи. Имав многу други понуди, како и таа од Манчестер јунајтед, а набрзо сфатив дека тоа е вистинскиот избор за мене. Мурињо е голем професионалец и секој фудбалер би сакал да тренира со него“, кажа Фред.

Јунајтед не почна добро во новата сезона, но сега се враќаат во форма и се движат кон врвот во Премиерлигата.