Франкфурт освои бод на гости кај Аугсбург (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт одигра реми на гостувањето кај Аугсбург (1-1) во 19. коло во германската Бундеслига.

Камада постигна гол за водство на Франкфурт во 22. минута, но неговата екипа не ја задржа долго предноста бидејќи Грегориш израмни на 1-1 во 38. минута.

Франкфурт по 19 одиграни меча се наоѓа на осмата позиција со 28 бода, додека Аугсбург има 19 бода и се наоѓа на 15. место.