Франкфурт го шокираше лидерот, Менхенгладбах му се приближи на Лајпциг (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт успеа да го изненади лидерот во Бундеслигата, Лајпциг со 2-0 и така му ја прекина одличната форма. Додека триумф запиша и Борусија Менхенгладбах, која се приближи до врвот по победата од 3-1 против Мајнц.

Лајпциг доминираше уште од почетокот на натпреварот, но не успеа да ја затресе мрежата на домаќините, по што казната стигна преку Туре во 48. минута, а Костиќ ги постави конечните 2-0.

Од друга страна, Менхенгладбах имаше лош старт против Мајнц и губеше со 0-1, но потоа направи целосен пресврт со двата погодоци на Плеа и еден гол на Нојхаус за конечни 3-1.

Лајпциг останува на врвот со 40 бодови, а Менхенгладбах има 38, по што следат Баерн Минхен и Борусија Дортмунд со по 36 бодови.

Останати резултати:

Фрајбург – Падерборн 0-2
Унион Берлин – Аугсбург 2-0
Волфсбург – Херта 1-2