Французите се „запалија“: Мбапе на лето заминува од ПСЖ?! (ФОТО)

Килијан Мбапе стана голема ѕвезда, откако го воодушеви светот со настапите во Монако, а потоа продолжи со одличните игри и во дресот на ПСЖ и Франција, а постојано се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но и со други европски гиганти.

ПСЖ синоќа на домашен терен победи против Сент Етјен со 1-0, а Мбапе повторно беше човекот кој го реши мечот. Но, интересна фотографија се појави пред почетокот на натпреварот.

Мбапе чекаше во хотел пред гостувањето, па реши да провери што се случува на социјалните мрежи. А, фотографите успеале да фотографираат што гледа Мбапе.

Многумина се изненадија кога на неговиот мобилен телефон забележаа фотографија од ЛИонел Меси, а потоа разбрале дека го гледал тешкиот распоред на Барселона во наредните неколку недели.

Тоа беше доволен мотив за француските медиуми веднаш да почнат да го поврзуваат Мбапе со трансфер во Барселона на лето.