Француските клубови ќе останат без 110 милиони евра од ТВ-права

Француските клубови се во голема загуба поради прекинот на Лига 1 поради пандемијата на коронавирусот. Медиумите од земјата пишуваат дека телеизискиот гигант „Канал+“ не сака да им исплати на тимовите дури 110 милиони евра.

Рокот за исплата беше четврти април, но телевизијата нема намера да плати во момент кога не се игра фудбал, а таков епилог најави и член на телевизијата.

„Канал +“ по сезона за клубовите од Лига 1 и Лига 2 издвојува неверојатни 541 милион евра и тоа без „БиИн Спортс“, кој плаќа дополнителни 200 милиони.