Трогателно: Наследникот на Сала го облече неговиот несуден дрес од Кардиф (ФОТО)

Веста за смртта на Емилијано Сала го потресе целиот свет, сепак највеќе ја потресе неговата фамилија. Сестрата на Емилијано, Ромина емотивно се прости од својот брат, а на својот син го облече дресот кој Сала требаше да го носи во Кардиф. Таа беше една од најекспонираните личности во јавноста додека траеше потрагата по Сала, а емотивно ја преживеа смртта на својот брат па своето синче го облече во несудениот дрес на Кардиф кој требаше да го облече токму нејзиниот брат.

„Мој ангеле, гушни ме со твојата душа. Мој ангеле со нескротливи крила, мој ангеле, те сакам, слаба сум. Знам дека секогаш ќе бидеш светлоста која ќе ме води, а ја ќе ти го кажам секој момент, среќа која сме ја имале, секоја прегратка, емоција, секоја насмевка посветена за тебе и големата љубов према тебе. Те сакаме и многу ни недостасуваш“, напишала сестрата на фудбалерот.