Фофана заработи ужасна скршеница на ногата на пријателски натпревар (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Лестер сити, Весли Фофана синоќа на пријателскиот натпревар со Вилјареал заработи тешка повреда на ногата по еден брутален старт. 

Младиот француски репрезентативец има скршеница на ногата и сега го очекува долга пауза од терените. Тој е еден од клучните играчи во таборот на Брендан Роџерс и сигурно дела ќе биде голем хендикеп за „лисиците“ што тој нема да може да игра во Премиерлигата барем во првата половина од сезоната.

Вакви стартови не смее да има ниту на официјални натпревари, а не на пријателски каде резултатот не е во прв план.