Перез: Што ќе ни е нов напаѓач кога го имаме најдобриот на светот?!

Откако Кристијано Роналдо го напушти Реал Мадрид, фановите на „кралскиот“ клуб очекуваа конечно Флорентино Перез да доведе фудбалска ѕвезда на позицијата класичен напаѓач. Сепак, според претседателот на Реал, во моментов тие го имаат најдобриот напаѓач на светот - Карим Бензема. 

Перез е свесен дека уште пред неколку години се очекува на „Сантијаго Бернабе“ да пристигне „деветка“ која ќе ги задоволи вкусовите на нивните навивачи. 

„ Нема да трошиме само, колку да се рече дека трошиме. Цело време читам и слушам дека Реал мадрид треба да доведе класичен напаѓач, но реалноста покажува дека Карим Бензема е најдобриот напаѓач на светот. Доведуваме млади и талентирани фудбалери, кој во иднина ќе бидат носители на играта. Како Винисиус Жуниор“, беше јасен претседателот на Реал. 

Карим Бензема оваа година е најконстантиот играч во Реал Мадрид. Французинот е најдобриот стрелец за својот тим во Ла Лига со десет постигнати погодоци.