Флорентино Перез попусто се надеваше, Левандовски не оди никаде!

Откако шпанските медиуми напишаа дека Роберт Левандовски се договорил со Реал Мадрид, веднаш пристигна одговор од Германија.

Ѕвездата на Баерн Минхен е еден од најпосакуваните потенцијални трансфери на Реал Мадрид, кој на лето планира да испрати официјална понуда до германскиот гигант.

Медиумите почнаа да пишуваат за евентуалната преселба на Левандовски во Мадрид, откако фудбалерот го ангажираше Пини Захави како негов агент.

Но, германските медиуми ги негираа тие тврдења и напишаа дека Левандовски ќе остане во Минхен до крајот на кариерата.

Одличниот напаѓач има договор со Баерн до 2021. година.