Флик ја презеде одговорноста за дебаклот на Барса: Морав да ги одморам играчите

Барселона го претрпе првиот пораз во Ла Лига оваа сезона откако синоќа загуби на гостувањето кај Осасуна со 2-4.

И покрај поразот, каталонскиот тим ќе остане лидер на табелата и по осмото коло, но дебаклот во Памплона на површина ги извади сите проблеми со кои се соочува, како и малиот фонд играчи. Флик одлучи да одмори дел од фудбалерите затоа што им претстои дуел во Лигата на шампионите, а синоќешниот меч беше четврти во период од само девет дена. Германскиот стручњак затоа ја презеде одговорноста по поразот.

„Мораме да го прифатиме овој пораз, не игравме добро. Ако барате виновник, обвинете ме мене, ја направив грешки, но моја одговорност е да ги заштитам играчите бидејќи некои од нив одиграа премногу минути. Ги префорсирац и затоа денеска моравме да ги одмориме, а нема други опции. Сепак, не очекував да играме вака иако сметам дека на вистински пат“, рече Флик.

Барселона во моментов има дури осуммина повредени фудбалери и тоа главно членови на почетната постава. Поради тоа Флик мораше да прави експерименти, па Ерик Гарсија играше во средниот ред иако е дефанзивец, а на голот првпат како стартер беше Ињаки Пења. До репрезентативната пауза Барса ја очекува уште едно гостување, кај незгодниот Алавес кој неодамна го намали Реал во Мадрид.