Фиренца на нозе: Легендарниот Батистута се враќа на „Артемио Франки“

Поранешниот аргентински голгетер Габриел Батистута ќе се врати во Фиорентина, откаконовиот газда на клубот Роко Комисо решил легендарниот фудбалер да бидие дел од новата гарнитура на раководството, но засега не е откриено која функција ќе ја извршува.

Батистута играше за Фиорентина во период од 1991 до 2000 годна и притоа постигна 203 гола на 331 натпревар, а со неговата игра засекогаш најде место во срцата на навивачите од Фиренца.

Легендарниот Аргентинецот, покрај Фиорентина, настапуваше за Њуелс Олд Бојс, Ривер плејт, Бока јуниорс, Рома, Интер и катарски Ал Араби.