Фиорентина започна преговори со капитенот на Рома

Алесандро Флоренци сезонава речиси и да нема минутажа во дресот на Рома, па е решен да побара нов предизвик за да може повторно да биде стандарден. 

Бекот има неколку понуди од Серија А, но се чини дека најблизу до негов ангажман е Фиорентина. Тренерот Винченцо Монтела му го додели дебито во професионалниот фудбал пред девет години, кога беше на клупата на „волчицата“.

Сега тој повторно сака да соработува со Флоренци, но во дресот на Фиорентина. Интерес за десниот бек има и од Интер, Лион, но и од неколку клубови од Кина.