Фиорентина се спаси во финишот: Милан со бод се враќа од „Артемио Франки“ (ВИДЕО)

Милан водеше до самиот финиш на гостувањето во Фиренца, но Фиорентина на крајот успеа да освои бод (1-1) во 25. коло од италијанската Серија А.

Милан прв постигна погодок преку Златан Ибрахимовиќ, но ВАР-технологијата му го поништи поради игра со рака, по што Анте Ребиќ конечно го отвори резултатот во 56. минута.

Веднаш потоа Далберт доби директен црвен картон и им ја отежна работата на домаќините, но Фиорентина успеа да се извлече од пенал во 85. минута.

Милан има 36 бодови и се наоѓа на делба на шестата позиција со Наполи, па во моментов имаат девет бодови помалку од четвропласираната Аталанта.