Фиорентина прокоцка победа: Аталанта се спаси од пораз во 95.минута (ВИДЕО)

Фиорентина беше на прагот да ја запише првата сезонска победа во Серија А, но Аталанта успеа да дојде до реми 2-2 пред своите гледачи. 

Се чинеше дека „виолетовите“ уште повеќе ќе им го расипат расположението на фудбалерите на Аталанта по поразот од 4-0 од Динамо Загреб во Лигата на шампиони. Федерико Киеза (24 минута) и Франк Рибери (66 минута) погодија за водство од 0-2 на гостите од Фиренца.

Јосип Илиќ во 83-тата минута најави дека тимот од Бергамо нема така лесно да се предаде и погоди за 1-2, а бодот го освои Тимоти Кастањ со гол во 95-тата минута.