Фиорентина и Калјари не го забораваат легендарниот Астори

Репрезентативната пауза заврши, па се враќа фудбалот во најсилните европски лиги, а на наредниот дуел на Фиорентина и Калјари се подготвува еден навистина убав потег.

Давиде Астори почина на четврти март годинава, а поголем дел од кариерата ја помина токму во овие два клуба, па во наредниот дуел тие ќе имаат шанса да се потсетат на него.

Астори настапуваше осум години за Калјари и три за Фиорентина, а токму тие екипи играат во недела, а најавена е специјална кореографија во знак на сеќавање на Италијанецот.

Инаку, неговото семејство синоќа присуствуваше на една презентација во Сардинија, која беше посветена на починатиот Астори.