Финалистот на ЛШ сака во своите редови да го донесе Џеко

Веќе некое време италијанските медиуми шпекулираат дека Един Џеко летово ќе си замине од Рома. Актуелниот договор со „римската волчица“ му истекува во јуни 2020 година, а римјаните не се заинтересирани да му понудат нов договор.

Многу клубови се заинтересирани за Босанецот, а сега во трката се вклучил и финалистот на Лигата на шампионите, Тотнем. Лондонскиот клуб е заинтересиран за Џеко, а нивниот менаџер Маурицио Покетино го гледа напаѓачот како идеална замена за Фернандо Љоренте кој пак ќе си замине по завршувањето на сезонава.