Финалињата во Купот на Германија ќе се играат во Берлин најмалку до 2025 година

Финалето во Купот на Германија, каде сезонава ќе се судрат првакот Баерн Минхен и Баер Леверкузен ќе се игра утре во Берлин, а овој град останува домаќин на завршниот меч во националниот куп најмалку до 2025 година, објави германската федерација.

ДБФ веќе потпиша нов договор со Берлин за организација на финалните мечеви во Купот до 2025 година, а новиот договор стартува од 1 јануари 2021 и ќе трае до 31 декември 2025 година.

„Финалето на купот е фестивал на фудбалот и ние сме пресреќни што финалето останува во Берлин и во следните години. Берлин и германскиот куп одат рака за рака, а навивачите се пресреќни што ќе имаат можност да ги гледаат мечевите на Олимпискиот стадион“, рекол првиот човек на ДБФ, Фриц Келер.

За Берлин, финалето на Купот е настан кој е многу важен, а градоначалникот Михаел Милер ја посочи важноста што уште пет години ќе се игра завршната пресметка за трофејот во овој град.

„Финалето на Купот е многу важно за нас, за Берлин како град и пресреќни сме што ќе го имаме најмалку уште пет години. Ова е прекрасен ден за сите што го сакаат фудбалот, посебно за жителите на Берлин. Берлин е спортска метропола и голем успех е за градот што и во иднина ќе организира ваков настан.

Финалето на Купот на Германија се игра во Берлин од 1985 година, ама првпат годинава ќе се игра без гледачи поради пандемијата со коронавирус. Финалето Баерн – Баер е утре од 20.30 часот.