Фиго по 20 години од трансферот во Реал: Каталонците забораваат една работа...

Португалската легенда Луис Фиго пред 20 години го изненадии светот, кога се пресели во Реал Мадрид, и тоа директно од Барселона.

Фиго тогаш беше еден од најдобрите фудбалери на каталонскиот клуб, а потоа во 2000 година направи потег, кој никогаш нема да му го заборават каталонските навивачи.

Во разговор за шпанските медиуми откри дека не очекувал таков грозен пречек на „Камп Ноу“ и бил изненаден од омразата на навивачите на Барселона.

„Луѓето во Барселона заборавија една работа, а тоа е дека јас во клубот стигнав наместо Лаудруп кој тогаш потпиша за Реал Мадрид. Не се сеќавам дека и него го гаѓаа со стаклени шишиња и со свинска глава во Каталонија. Знаев дека ме чека пекол, но тоа не беше фер и потегот на навивачите беше срамен“, кажа Фиго.